Утрински Весник
Магазин

Шарлиз Терон организира специјална проекција на „Лудиот Макс: Пат на бесот“

Шарлиз Терон организира специјална проекција на „Лудиот Макс: Пат на бесот“

Холивудската актерка Шарлиз Терон ќе биде домаќин на специјална драјв-ин проекција на филмот оскаровец „Лудиот Макс: Пат на бесот“ (Mad Max: Fury Road) во Лос Анџелес со цел да собере пари во добротворна цели.

Проекцијата, што ќе се одржи во популарниот трговски центар во Лос Анџелес, Grove, треба да донесе придобивка за проектот „Шарлиз Терон Африка аутрич“.

Настанот ќе се одржи на 31 јули, со почеток во 19:30 часот со почитување на прописите за социјално растојание. Проекцијата ќе биде на „Ниво 8“ на светски познатиот трговски центар, нудејќи им на гостите неспоредлив сценски поглед на Лос Анџелес, како и филм за уживање.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тинејџерите под невиден притисок: Генерација која расте со стрес и несигурност

Дневен хороскоп за 03 април 2026

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија