Утрински Весник
Македонија

„Шанса за Центар“: Предизборно се планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и предизборни вработувања во Општина Центар

„Шанса за Центар“: Предизборно се планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и предизборни вработувања во Општина Центар

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ чиј носител е актуелната советничка во општината Центар, Јана Белчева се противи на усвојување на предлог одлуките кои се ставени на дневен ред на седницата на Советот на општина Центар за четврток на 16 септември.

„ На дневен ред се ставени точки со кои се планира службените лаптопи кои советниците со мандат од 2017 до 2021 ги добија на користење да им се предадат во приватна сопственост, да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлог за 26 предизборни вработувања.

Шанса за Центар потсетува дека улогата на советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на општината без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека “решава за начинот на располагање со сопственоста на општината“. Од тука граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ нагласува и ги потсетува дека советниците имаат клучна улога во носењето на политики кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да делуваат во корист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат“ велат од иницијативата.

„Шанса за Центар“ предлага таблетите и лаптопите кои со оваа предлог одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да се донираат на училиштата во општината.

„ Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на општината. Шанса за Центар го поддржува развојот на спортот во општината, но е со став дека времето во спортските сали треба рамноправно да се распредели на сите спортови за кои децата имаат интерес и без ексклузивитет кон Работнички. Особено што Работнички салите ги добива без надомест, а родителите плаќаат полн надомест за децата да тренираат.

Последно за што граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ сака да предупреди е предлог одлуката да се одвојат пари за нови 26 вработувања од општинскиот буџет за 2022 година. Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „ од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за претанок на работен однос во државни и јавни институции“ додаваат од иницијативата.

На речиси еден месец до локалните избори од „Шанса за Центар“ сметаат дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор