Утрински Весник
Свет

Шампион на Црна Гора во лежење: Не беше тешко, не се ни загреав

Заврши 12-от натпревар во лежење, кој традиционално го организира Етно селото Црна Гора во Брезни. Титулата за најопуштен ја освои Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле“ од Забјела.

По приближно 60 часа лежење, титулата шампион во лежење оди кај Пејановиќ. Од деветте натпреварувачи кои учествуваа на овогодишниот натпревар, за титулата се бореле финалистите Жарко Пејановиќ од Забјела и Вук Кољеншиќ од Даниловград, пишува РТЦГ.

Како што претходно неофицијално беше соопштено, имало преговори за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да му го донесе првото место на Забјело.

„Не беше тешко. Верувајте, не се ни загреав“ – вели тој.

Сепак, најголем проблем е кога ќе дојдат да ги посетат натпреварувачите за да ја изразат својата поддршка. Најтешката работа, вели тој, е „кога ќе дојде семејството да те поддржува, тоа е најголемата грешка“.

„Кога доаѓа друштвото, забавно е, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога ќе дојде нечие семејство, тешко е да не станеш“ – рече Пејановиќ.

Можете да прочитате

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

Силен земјотрес од 6,9 степени ја погоди областа Танимбар во Индонезија

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега