Утрински Весник
Спорт

Шаман лекува фудбалер на Манчестер Јунајтед

Јунајтед им дава најмногу минути на младинците, Сити – најмалку

Манчестер, 16 јуни 2020 (МИА) – Еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомез отпатува за Нигерија за да стави крај на низата повреди кои го мачат.

Тој го призна ова на својата сметка на Инстаграм, што ги шокираше сите во Премиер лигата.

Гомез, чиј татко е Анголец, а неговата мајка е Англичанка, замина во Нигерија, каде што беше подложен на алтернативен третман кај еден локален шаман.

Самиот талент признава дека се обидел сè во Англија да биде целосно здрав за играње, но на крајот ништо не функционирало, пишува „Монитор“.

И заради ова, 19-годишниот фудбалер отпатувал во Африка. Гомез, кој е младински репрезентативец на Англија, има забележано 10 натпревари за „црвените ѓаволи“, но според експертите тој има светла иднина и заради тоа „Олд Трафорд“ му понуди нов договор.

Во неговата биографија стои и дека неговиот кум е поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Нани.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ