Утрински Весник
Спорт

Шалке го загуби четвртиот натпревар по ред и влезе во серија од 10 средби без победа

Шалке го загуби четвртиот натпревар по ред и влезе во серија од 10 средби без победа

Гелзенкирхен, 30 мај 2020 (МИА) – Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 во 29. коло од Германското фудбалско првенство и го запиша четвртиот пораз по ред.

Клуб од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2).

Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари.

Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари.

По денешниот пораз уште повеќе се „тресе“ тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија