Утрински Весник
Магазин

Шакира одбива спогодба со шпанското обвинителство за случајот даночна измама

Латино ѕвездата Шакира ја отфрли спогодбата за признавање вина, која ѝ ја понуди обвинителот во Шпанија за случајот даночна измама од 14.5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, соопшти нејзиниот тим за медиуми во средата.

dobivaj vesti na viber

Колумбиската пејачка – која продаде повеќе од 80 милиони плочи ширум светот со хитови како Hips Don’t Lie – отсекогаш ги исполнувала сите нејзини даночни обврски, се наведува во соопштението. Таа го смета случајот за „целосно кршење на нејзините права“.

„Пејачката е убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата.“

Условите на предложената спогодба не се откриени. Државното обвинителство во Барселона не одговори на барањето за коментар.

Шакира е обвинета за затајување данок. Според обвинителите, Колумбијката не платила данок во износ од 14.5 милиони евра за периодот од 2012 до 2014 година, период во кој адвокатите на Шакира тврдат дека таа не живеела во Шпанија.

Судот допрва треба официјално да ја испрати на судење и да одреди датум.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста