Утрински Весник
Магазин

Шакира ги продаде правата на своите песни

Шакира ги продаде правата на своите песни

Шакира e последна во низата уметници кои ги продаваат правата на својата музика за сума од повеќе милиони долари.

Целиот опус – 145 нејзини песни – вклучително и Hips Don’t Lie, Whenever, Whenever и She Wolf, се вклучени во договорот.

Песните ја направија најпродавана жена латино уметник на сите времиња, со продадени 80 милиони плочи во светски рамки.

Договорот е склучен со инвестициската компанија „Хипгнозис сонг фанд“ која исто така неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Колку пати се сака во животот: Одговорот ќе ве изненади

Вушан доби најдолг градски лифт на светот: Ескалатори кои ги поврзуваат населбите, олеснувајќи им го животот на жителите и туристите

Дневен хороскоп за 12 март 2026