Утрински Весник
Македонија

Шабани: Грижата за наследството на Блаже Конески е нашиот долг кон великанот

Шабани: Грижата за наследството на Блаже Конески е нашиот долг кон великанот

Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани се обрати на меѓународната научна конференција Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура, со која Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 40 години од основањето на институцијата и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

„Ова е ден кој не потсетува дека грижата за културното наследство е наша заедничка одговорност и обврска и долг да продолжиме со негување на најдрагоцените творби и дела на великанот Конески. Денес на едно место се обединети минатото и сегашноста и посебно – иднината што како наследство, ние ја создаваме. Токму програмата на овој денешен настан потврдува дека низ различни текстови и со неколку значајни имиња од македонската и европската славистика, ќе го создадеме тој мост на почитување, разбирање и соочување со новите предизвици“, нагласи заменик министерот Шабани.

Еден од најголемите предизвици е зачувувањето на наследството, укажа Шабани, додавајќи дека обврската за негување на творештвото подразбира и негово интегрирање во глобалните трендови на образованието, науката и културата. Затоа, Министерството за образование и наука инвестира во нови кадри, студенти и млади научници како трајно вложување во вистински национални и европски вредности.

„Го подигнуваме квалитетот на образованието на сите нивоа, за да можат и најмалите ученици да го фатат чекорот со своите врсници од светот. Токму во таа насока започнуваме со нова дигитална култура на учење и учебници што ќе бидат мултимедијален спој на наука, национална традиција и знаење“, рече Шабани.

Заменик министерот посочи дека наша обврска е да им помогнеме на младите да градат нова култура но и да создаваат свој личен однос кон традицијата, литературата и културата.

На дводневната конференција, којашто е поддржана од Министерството за образование и наука, преку научноистражувачки проследувања ќе се проговори за македонската книжевна и културна традиција низ вековите.

Можете да прочитате

Дали за уништувањето на македонското знаме награда ќе биде назначување за прв пат на Албанец директор на Филхармонија?

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ