Утрински Весник
Магазин

Чeнинг Тејтум на гости кај Џими Кимел зборува за претстојниот филм

Чeнинг Тејтум на гости кај Џими Кимел зборува за претстојниот филм

Актерот Чeнинг Тејтум откри дека се пријавил за снимање на „Меџик Мајк 3“ само ако се согласат да направат тоа да биде како супербоул на филмови за стриптизери.

На гости во емисијата „Џими Кимел лајв“ во вторникот навечер, тој рече: „Не бев сигурен дали сакам да снимам трет филм. Направивме многу во првите два, но им кажав дека ќе го снимам третиот филм под услов да направиме тоа да биде како ‘Супербоул’ на стриптизерски филмови“.

„Првите два дела моравме да останеме искрени во однос на тој свет, а танцувањето не е баш толку кул колку што изгледа. И ние малку го потурнавме“, рече 41-годишниот актер.

„Јас навистина сакам да имам професионалци покрај себе, најдобрите танчери во светот,“ додаде Тејтум во разговорот со водителот.

Тој исто така нагласи дека сака да има навистина јак централен женски лик.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески