Баерн Минхен со 3:0 го совлада петтолигашот Дирен на „Алијанц арената“ во Минхен во меч од 1/32 финалето на германскиот ДФБ куп, дуел одбележан со дебито на новиот напаѓач на Баварците, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, кој се покажа со два гола против слабиот противник.
До очекуваната победа, Ханси Флик дојде со необичен состав, давајќи им шанса на летните засилувања – Александер Нибел, Даглас Коста, Буна Сар, Марк Рока, и секако Чупо-Мотинг.
Чупо-Мотинг го отвори резултатот во 24. минута, пред капитенот Томас Милер од пенал да зголеми на 2:0 во 36. минута. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Чупо-Мотинг во 75. минута го круниса дебито со прекрасен гол од далечина.
> Чупо-Мотинг во дебито за Баерн постигна два гола! <