–Случајот со градоначалникот на Куманово според мене има и одредена политичка димензија, меѓутоа од страна на Комисијата беше доставено соодветно известување до директорот на БЈБ, не беше доставено до мене, и истото од страна на Бирото за јавна безбедност беше процесуирано до Секторот за внатрешни работи, Куманово во текот на денешниот ден. По правило, може да се поднесе известување и до БЈБ и до министерот за внатрешни работи и логично би било да биде поднесено и до двете страни, меѓутоа доволно е и едно, така решил ДЗСИ, рече Чулев.
Според Чулев, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ја испочитувал процедурата за тестирањето.
Градоначалникот Димитриевски пак, за телевизијата 24 вечерва појасни дека не располага со информации дека Обвинителството ја прифатило кривичната пријава, и според него, дадени се насоки истата пријава да не се процесуира како кривична, туку да се оди со прекршочна постапка.
-Јас немам информации дека кривичната пријава е прифатена. Техничкиот министер Чулев треба убаво да се информира и сметам дека е недоволно информиран бидејќи мојот контакт со Основното јавно обвинителство кажува дека на денешните консултации се дадени насоки да истата пријава не се процесуира како кривична туку да се оди со прекршочна постапка, рече Димитриевски.
Тој додаде дека доколку навистина следува одговорност, ние сме подготвени да ја поднесеме, но сметам дека има огромни пропусти во делот на самата постапка и истата е неиздржана.
– Дополнително добивам информации од Основното јавно обвинителство од Куманово дека истата таква пријава за која што се вршени консултации е отфрлена од страна на основниот јавен обвинител но сепак СВР Куманово решило да поднесе кривична пријава и против мене и против господинот Горан кој што е раководител на регионалната дирекција на центарот за управување со кризи, но пак оставам на легитимните државни органи да се произнесат по истата, а овој притисок го отфрлам, уште повеќе сум охрабрен да продолжам со својата борба за доброто на моите кумановчани, додаде Димитриевски.
Тој претходно на својот Фејсбук профил напиша дека кривична пријава претставува „класична злоупотреба на инструментите на власта“, и најави дека ќе продолжи да се бори со истомислениците.
-Кривична пријава? Класична злоупотреба на инструментите на власта. Легитимна постапка со независни и непристрасни професионалци ќе ја покаже вистината. Навикнат сум на борба. И понатаму со ист интензитет заедно со истомислениците ќе продолжам да се борам. Во минатото се борев против режим. Дали е на повидок нешто слично? Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните. Правдата и вистината секогаш победува!, сподели на фејсбук Димитриевски.ад/бт/