Утрински Весник
Македонија

Чулев суспендиран од Агенцијата за разузнавање, обвини за политички прогон

Наќе Чулев доби суспензија, пред да му биде врачен и отказ од Агенцијата за разузнавање, каде во минатото беше и директор.

dobivaj vesti na viber

Тој повеќе не оди на работа и е раздолжен со Агенцијата. Причните не се откриваат, а Наќе Чулев на социјалните мрежи објави само дека тој е професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор. Отказот на Чулев доаѓа по 25 години работа во Агенцијата, а откако тој беше технички министер за внатрешни работи.

„Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери“, вели Чулев.

Тој решението за суспензија, која не неминовна пред да се врачи отказ, вели дека е поради политички прогон.

„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции“, додава Чулев.

Тој смета дека Власта која ја нарекува „криминална“, удрила по него и професионалниот интегритет.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев

Министерот Хоџа се сретна со првиот човек на ЕБРД: Забрзување на клучните еколошки инфраструктурни проекти

Министерот Љутков на отворањето на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид „ФИТУР 2026“