Утрински Весник
Македонија

Чулев прифати најстрога дисциплинска мерка за својот советник кој нападна началник

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

Зоран Ѓорѓиевски, советникот во кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, по вчерашната кривична пријава и суспензија од раборното место, денеска заработи и најстрога дисциплинска мерка, поради тоа што на денот на изборите го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев.

„Денеска од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка“, информираат од МВР.

Од таму нагласуваат и дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот потенцирал дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Одрони на дел од патиштата и зголемен водостој на одредени реки

Земјотрес почувствуван во Прилеп и регионот

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта