Утрински Весник
Македонија

Чулев: Повикувањето на разговор на Мицкоски и на мојот советник показател за неселективна правда

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Повикувањето на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објкет, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна правда, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека МВР во координација со Јавното обвинителство ги повикало на разговор Мицкоски и неговиот советник, кои ја признале грешката заради незнаење.

Чулев, во таа насока потенцира дека во иднина ќе бидат повикани не само како во конкретниот случај Мицкоски и неговиот советник Љупчо Андоновски, туку сите што ќе го прекршат законот.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен,  министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По седум дена мистерија – пронајдена исчезнатата скопјанка, видете што се случило

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска

Давитковски: Процесот за трагедијата во Кочани да се подели на повеќе обвиненија