Утрински Весник
Македонија

Чулев: Наредниот период ќе објавиме информации за отворените истраги во кои се инволвирани функционери

Прес-конфренција на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со операцијата за заплена на дрога (во живо)

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека во наредниот период Министерсвото ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.

– Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот пеирод ќе објавуваме информации и за одредени ноосители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела, рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека МВР изминатиот период било целосно ангажирано и во откривање кривични дела и во борба против организиран криминал и корупција, а имале и сериозни предизвици кои во наредниот период, како што вели, ќе се мултиплицираат, а тоа е спречување на илегалната миграција. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски