Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Чулев им заблагодари на граѓаните за одговорноста, за придонесот на полицијците побара да бидат парично наградени

Чулев им заблагодари на граѓаните за одговорноста, за придонесот на полицијците побара да бидат парично наградени
Img 7972

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Граѓаните се одговорни и генерално ги почитуваа одлуките на Владата поврзани со спречување на заразата од КОВИД-19 и речиси 70 дена, од 22 март, во различни периоди од денот остануваа во своите домови. Полициските службеници професионално, одговорно и пожртвувано си ја извршија својата задача, истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција на која им заблагодари и на граѓаните за разбирањето на ситуацијата и почитување на мерките, и на полицајците кои го контролираа спроведувањето на одлуките на Владата.

Констатираше дека Министерството за внатрешни работи успеало брзо да се екипира, реорганизира и веднаш да ги стави на располагање сите капацитети во улога на заштита на здравјето на секој поединец и затоа, рече, е бескрајно горд, среќен и задоволен.

-Им се заблагодарувам на сите вработени во МВР, а посебно на униформираните полициски службеници за секој час и секоја минута употребени за ова цел, истакна Чулев кој кај припадниците на МВР, и покрај дозата на несигурност поради непозната ситуација со која се соочуваат, забележувал, како што рече, љубов, гордост и патриотизам дека го штитат здравјето на граѓаните.

Заради придонесот на полицијата нагласи дека тие треба да ја добијат паричната награда која ја заслужуваат и ја повика Владата да ја усвои уредбата која за оваа намена ја доставил до неа.

– Грешки и пропусти секогаш има, некогаш грешевме ние, некогаш граѓаните. Но од грешките учиме и имаме можност да се подобруваме и да го подобруваме работењето на полицијата во заедницата, што е една од клучните и стратешки приоритети на МВР, истакна министерот за внатрешни работи.

Посебна благодарност упати и до припадниците на АРМ – партнери на полицијата во извршување на работните задачи и обврските во изминатиот период.

Чулев рече и дека најтешко го доживувал моментот кога одредени колеги од Владата и од МВР ја злоупотребувале полицијата за остварување, како што рече, „одредени политички цели и кога на грбот на полицијата сакаат да поентираат со неумесни и неодговорни изјави“. хс/лв/

Прес конференција 27.05.2020

Posted by Министерство за внатрешни работи on Среда, 27 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ