Утрински Весник
Македонија

Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки, одмазди и реваншизам

Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки, одмазди и реваншизам

На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, напиша на „Фејсбук“ доскорешниот технички министер, Наќе Чулев.

„Вработените во оваа институција се жртви на политички пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните“, смета Чулев.

❗ На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни…

Posted by Наќе Чулев on Среда, 26 август 2020

Тој вели дека е во комуникацијата со колеги од МВР кој често го информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а слични информации добил и од членовите на неколкуте полициски синдикати.
„Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење“, појаснува Чулев.

Тој ги повикува засегнатите од сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата држава.

„Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки кои се спротивни на законот за полиција и законот за внатрешни работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените“, нагласува Чулев.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал