Утрински Весник
Македонија

Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

 

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва оствари работна посета со полициските службеници кои во рамки на Секторот за внатрешни работи Куманово преземаат активности за контрола на спроведување на мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните.

Од МВР информираат дека од почетокот на спроведување на мерката за ограничување на движењето во Куманово 10 лица не ја почитувале забраната додека во Кратово двајца.

На подрачје на СВР Куманово се регистрирани 83 лица кои се во изолација, а 567 лица пополниле изјава дека ќе ги почитуваат препораките за самоизолација од 14 дена. Од нив 450 се на подрачје на ПС Куманово, 41 лице се на подрачје на ПО Матејче, 35  на ПС Крива Паланка, 27 лица на подрачје на ПС Кратово и 14 лица на подрачје на ПО Ранковце.

-СВР Куманово поднесени се седум кривични пријави против седум сторители, од нив шест не ја почитувале мерката за самоизолација и една пријава против едно лице кое не ја почитувало мерката како сопственик на угостителски објект кој работел спротивно на издадената мерка од страна на Владата, соопштија од МВР.

Министерот Чулев упатил апел до граѓаните на Куманово и до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките и да останат дома.Тој ги потсетил граѓаните дека согласно последната одлука на Владата, за време на викендите ограничувањето на движењето започнува од 16 часот, а завршува во 5 часот. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес