Утрински Весник
Македонија

Чувал рачна бомба во викендичка – поведена истрага против едно лице

Чувал рачна бомба во викендичка – поведена истрага против едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во неговата викенд-куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендичка.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Кинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите одат до речиси 40 степени