Маркос Хивс, Бразилец кој наликува на холивудската ѕвезда Киану Ривс, доби пресуда против „Фејсбук“ откако компанијата го деактивираше неговиот кориснички профил.
Судот во Рио де Жанеиро пресуди во корист на Маркос, кому пред две години му беше суспендиран профилот на оваа социјална мрежа.
На „Фејсбук“ му е наложено да го реактивира неговиот кориснички профил во рок од пет дена и да му плати оштета во износ од 5.000 бразилски реали (околу 920 долари). Доколку не го стори тоа во одредениот рок, „Фејсбук“ ќе мора да му плаќа дополнителни 200 реали (37 долари) за секој нареден ден.
„Борбата траеше две години. Штом сфатија дека изгледам како актерот, за неполни три месеци ми го затворија профилот. Во исто време, има бројни профили кои се преправаат дека сум јас и бараат пари од фановите, а кои останаа активни“, изјави Хивс.
Хивс сфатил дека личи на Ривс пред 17 години, но не мислел дека може да заработи од таа сличност сè додека не ја изгубил работата на танкер. Lаdbible пишува дека после тоа се внесол во улогата на ѕвездата на „Матрикс“ и дека го користи Фејсбук за промоција и за договарање работни места.
Го смени морето за живот на славна личност и удобно живее личејќи на Ривс, користејќи ја својата Фејсбук-страница за добивање професионални ангажмани, пишува порталот.