Утрински Весник
Спорт

Човекот со највредниот дрес на Марадона не го дава ниту за милиони

Човекот со највредниот дрес на Марадона не го дава ниту за милиони

Поранешниот англиски репрезентативец, Стив Хоџ, човекот кој се смени со дресовите со Диего Марадона по славното четврт-финале на Светското првенство во 1986 година, вели дека дресот со кој се постигнати двата најславни гола на „Ел пибе дел оро“ не се на продажба, иако проценката е дека е вреден околу 2 милиони долари.

Хоџ, во интервју за „Би-би-си“ открива дека имал непријатна недела во која постојано добивал прашања за дресот на Марадона по неговата смрт на 60-годишна возраст. 58-годишниот Хоџ се смени со дресовите со Марадона на „Ацтека“ во Мексико Сити, откако тој постигна два славни гола – еден со рака (Божјата рака) и еден со неверојатен дриблинг за да се пласираат во полуфиналето. Дресот се чува во „Националниот фудбалски музеј“ во Манчестер.

„Го имам дресот 34 години и ниту еднаш не се обидов да го продадам. Ми се допаѓа што го имам и за мене има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето постојано се заинтересирани за дресот и беше малку непријатно. На Интернет дури имаше вести дека сум барал милион или два милиони, но тоа е сосема погрешно. Не е на продажба, не се обидувам да го продадам“, вели Хоџ.

Хоџ, кој својата автобиографија ја нарече „Човекот со дресот на Марадона“, го имаше најдобриот поглед на вториот гол на Марадона, обидувајќи се да го сопре неговиот продор.

„Уште ми велат: ‘Зошто не спринтуваше назад’. Помина пола час игра и кога си на таа надморска височина, верувајте не можете да трчате. Немав воздух во белите дробови“, објаснува Хоџ.

> Човекот со највредниот дрес на Марадона не го дава ниту за милиони <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари