Утрински Весник
Свет

Човекот со експлозив во банка во Црна Гора се предаде

Човекот со експлозив во банка во Црна Гора се предаде

Човекот кој во јавноста се претстави како Един Бегзиќ и упадна во банка во Бар, се затвори и со часови се закануваше дека ќе активира експлозив, попладнево се предаде.

Ова се случи откако тој разговарал со црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, пренесоа регионалните медиуми.

Како што се испостави, во банката немало заложници.

Полицијата утрово евакуираше дел од улицата „Маршал Тито“ во Бар.

Можете да прочитате

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Руски дрон удрил во електрана во Естонија

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни