Утрински Весник
Спорт

Член на ИОК смета дека проектот за Олимпијада 2024 е застарен поради коронавирусот

Член на ИОК смета дека проектот за Олимпијада 2024 е застарен поради коронавирусот

Лозана, 26 април 2020 (МИА) – Членот на Интернационалниот олимписки комитет Ги Дрју, кој е поранешен олимписки шампион во пречки, верува дека организаторите на Олимпијадата во 2024 година треба да го променат проектот заради пандемијата на коронавирус.

– Кризата ќе има долгорочно влијание врз нашите животи, има економско и социјално влијание. Не може да помине без последици, а Олимпијадата не е исклучок. Оригиналниот проект е застарен и нема никаква врска со реалноста. Треба да го преиспитаме буџетот и да ги прилагодиме Игрите со новата реалност, изјави Дрју.

Олимпијадата во 2024 година треба да се одржи во Париз. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир