Утрински Весник
Магазин

Член на екипатa поднесе тужба за небрежност против Болдвин и продуцентите на Rust

Член на екипатa поднесе тужба за небрежност против Болдвин и продуцентите на Rust

Член на персоналот, кој бил сведок на фаталното пукање на сетот на вестернот Rust, поднесе тужба за небрежност во средата (10 ноември) против актерот Алек Болдвин и продуцентите на филмот.

Серж Светној, електричар на снимањето во Санта Фе, Ново Мексико, ги обвини продуцентите и другите дека не примениле безбедносни стандарди и дека дозволиле „револвер наполнет со боева муниција да биде вперен во живи луѓе“, се наведува во граѓанската тужба до која дојде „Дедлајн“.

Тужбата на Светној е првата поднесена во случајното фатално пукање на Болдвин. Властите во Санта Фе, Ново Мексико сè уште истражуваат, и против никого не е поднесена кривична пријава.

Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21 октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, на кого му било кажано дека е безбеден, испука жив куршум, соопштија иследниците. На сетот беа пронајдени и други вистински куршуми.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста