Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Членовите на ДИК барале дополнителни одговори за мерките за избори од Комисијата за заразни болести

Членовите на ДИК барале дополнителни одговори за мерките за избори од Комисијата за заразни болести
Dik 300x250 mk

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска присуствувале на еден дел од состанокот на Комисијата за заразни болести на која ги изнеле своите размислувања и поставиле дополнителни прашања во врска со протоколите за избори.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни мтеријали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.

– Во однос на заштитни материјали да, навистина имаме голема бројка така што на дел од потребите може да одговориме. Утрово на дел од состанокот, на Комисијата за заразни болести гости беа и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Врз основа на оној протокол што Комисијата го даде имаа допонителни прашања, дополнително нешто што не било превидено и во текот на следните денови Комисијата ќе им одговори, изјави Филипче, кој денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов беше во посета на Клиничката болница „Мајка Тереза“. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси и тендери