Утрински Весник
Спорт

„Чистката“ во Челси продолжува – замина и Петр Чех

Новата ера на Челси под водство на американскиот милијардер Тод Бели продолжува, откако „сините“ потврдија дека од клубот си заминува и поранешниот голман, а сега советник на тимот, Петр Чех.

Чех, кој минатата недела преговарал со Бели, е последниот кој заминува од клубот по претсеателот Брус Бак и шефицата за трансфери, Марина Грановскаја, кои го создаваа „столбот“ на тимот под водство на претходниот газда, Роман Абрамович. 40-годишниот Чех се врати во Челси во јуни 2019 година откако се пензионираше од активната кариера.

„Беше огромна привилегија да ја имам оваа улога во Челси во последните три години. Бидејќи клубот е под нови сопственици, сметам дека ова е вистинско време да си заминам. Пресреќен сум што клубот е во одлична позиција со новите сопственици и сигурен сум дека ќе следат успеси на теренот и надвор од него“, изјави Чех.

Во улогата на советник на тимот, Чех имаше улога во сите фудбалски работи на тимот, откако Роман Абрамович му даде голема доверба. Токму Абрамович го донесе голманот на „Стемфорд Бриџ“ во 2004 година и тој со „сините“ освои четири титули од Премиерлигата, четири од ФА купот, еден од Лига Европа и еден од Лигата на шампиони.

> „Чистката“ во Челси продолжува – замина и Петр Чех <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина