Утрински Весник
Свет

Чиле ги легализира истополовите бракови

Чиле ги легализира истополовите бракови

Конгресот на Чиле го усвои законот за легализација на истополови бракови.

„Денес е историски ден, нашата земја ги одобри истополовите бракови, што е уште еден чекор напред во однос на правдата, еднаквоста, признавањето дека љубовта е љубов“, рече министерката за социјален развој, Карла Рубиљар.

За предлог-законот гласаа и Сенатот и Долниот дом на парламентот.

Овој предлог-закон беше делумно усвоен во ноември, но Сенатот го врати на комисија со цел да се разјаснат некои спорни точки.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, кој заминува од функцијата во март, го поддржа законот и се очекува да го потпише.

Гласањето за легализација на истополовите бракови го завршува процесот што започна во 2007 година, кога тогашната претседателка Мишел Башeле побара од Конгресот да го усвои законот.

Чиле им се придружува на повеќе од 20 земји во светот кои ги легализираа истополовите бракови, како што се Аргентина, Бразил, Колумбија, Костарика и Уругвај.

Можете да прочитате

Се појави американскиот предлог до Путин за крај на војната

Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа