Околу 140.000 лица биле вакцинирани против Ковид-19 на првиот ден од кампањата за масовна имунизација што почна вчера во Чиле, јави БТА.
Повеќе од 1.400 центри за вакцинација започнаа со работа низ целата земја, дистрибуирајќи повеќе од еден милион дози на вакцини во кинеската лабораторија Синовак. Минатата недела Чиле доби вкупно 4 милиони дози.
„Првиот ден 140.412 лица ја примија вакцината што нè исполнува со гордост и радост и ни овозможува да најдеме начин да го победиме коронавирусот“, се вели во изјавата на чилеанскиот министер за здравство Енрике Парис.
Во моментов е во тек кампањата за имунизација на лица постари од 90 години.
Вкупно скоро 210.000 лица веќе се вакцинирани во земјата, бидејќи кампањата за имунизација за здравствените работници започна на 24 декември. Првите 154.000 дози беа од вакцините Фајзер и Бионтек.
Владата постави цел да се вакцинираат околу 5 милиони луѓе до крајот на март.