Утрински Весник
Спорт

Чилаверт: Марадона не освои ниту 1% од она што го освои Меси

Марадона: Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае против Наполи

Барселона, 22јуни 2020 (МИА) – Поранешниот парагвајски репрезентативец Хозе Луис Чилаверт зборуваше на прашањето кој е подобар фудбалер помеѓу актуелната sвезда на Аргентина – Лионел Меси, и поранешната – Диего Марадона. Поранешниот голман е непоколеблив дека Меси е подобар.

– Меси е најдобар на светот, без сомнение. Марадона не освои ниту 1% од она што го освои Меси. Лео можеше да игра за Шпанија и да биде предавник, но тој остана лојален на Аргентина и Аргентинците треба да му бидат благодарни, прокоментира Чилаверт, цитиран од bestsport.news.

Марадона ја освои светската титула со Аргентина во 1986 година, а на првенството после 4 години, освои сребрен медал. Тој е исто така освојувач на „Златната топка“ за најдобар играч на СП во 1986 година.

Меси е олимписки шампион во 2008 година, четирикратен освојувач на Лигата на шампионите и шесткратен победник на „Златната топка“ на Франс Фудбал.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство