Чешкиот амбасадор во Кувајт, Мартин Дворак, се извини вчера за објавувањето на израелското знаме на неговиот официјален профил на Инстаграм како израз на солидарност со Израел, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Чешката амбасада во Кувајт го објави извинувањето на амбасадорот на Твитер.
„Длабоко се каам што го објавив израелското знаме на мојот приватен профил и, со тоа, поттикнав разбирлив бес и негодување кај многу луѓе во врска со моменталната, длабоко драматична ситуација во Појасот Газа“, се вели во објавата на Дворак на Твитер.
By no means did he want to change the embassy’s view of the current deplorable situation in Palestine,where innocent people are dying.The Czech Republic has repeatedly called on both parties of the conflict to start negotiations on a peaceful solution for their people.
— CzechEmbKuwait (@CzechEmbKuwait) May 17, 2021
Објавата на израелското знаме на профилот на Дворак предизвика негодување кај народот во Кувајт и на социјалните мрежи беше започна кампања со повик за негово протерување.
„Апсолутно не ми беше намерата да изразам какво било непочитување кон невините палестински жртви“, рече тој.
Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Ерусалим за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија во Појасот Газа како резултат на израелскиот напад врз верниците во џамијата Ал-Акса и населбата Шеик Џара.
Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Тој го анектираше целиот град во 1980 година меѓународната заедница никогаш не го призна тој чекор.