Утрински Весник
Македонија

Чешка и Словачка се спротивставија на одредницата „погрешно толкување на историјата“ – заклучоците за проширувањето на ЕУ повторно блокирани

Чешка и Словачка се спротивставија на одредницата „погрешно толкување на историјата“ – заклучоците за проширувањето на ЕУ повторно блокирани
Dik 300x250 mk

Усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето и Западен Балкан се повторно блокирани, јавуваат МИА и Танјуг. Чешка и Словачка го блокираа усвојувањето на заклучоците за процесот на проширување кои вчера ги усвои Европската унија на ниво на амбасадори. Двете земји-членки не ставија министерски потпис со што заклучоците не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја од членките.

Двете земји-членки на ЕУ инсистираат на исфрлање на одредницата „погрешно толкување на историјата“ од нацрт текстот.

Инаку, официјална Софија откако ја блокираше преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија, побара во заклучоците за проширувањето кон целиот Западен Балкан да се додаде реченицата „погрешно толкување на историјата“ за Северна Македонија и да не се користи краткото име на државата, туку само долгото, Република Северна Македонија.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ вчера попладне ги усвоија заклучоците за проширување со Западен Балкан, откако во нацрт-текстот беше вметната реченицата „погрешно толкување на историјата“, на што инсистираше Бугарија како компромис за да го одблокира нивното донесување.

Германското претседателство со ЕУ има рок до 31 декември да изнајде решение по најновите спротивставувања на Чешка и Словачка за заклучоците за проширувањето.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг