Утрински Весник
Свет
Img 7972

Чешка забранува патување во Африка и Јужна Америка

Чешка забранува патување во Африка и Јужна Америка
300x250 opst2

Владата на Чешка објави дека ќе забрани патување на своите граѓани во неколку африкански и јужноамерикански држави каде постои голем ризик од нови, заразни видови на коронавирус.

Министерството за здравство на Чешка вчера објави дека забраната за патување ќе стапи на сила од утре и ќе важи до 11 април, со некои исклучоци, како и дека се однесува на земји како Боцвана, Бразил , Јужна Африка, Кенија, Малави,Танзанија и други.

Чешката влада се обидува да го забави ширењето на коронавирусот, што изврши голем притисок врз болниците во оваа земја, а властите во моментов разгледуваат други построги мерки за борба против пандемијата, пренесува Ројтерс.

Чешката влада ќе се состане денес по состанокот со опозицијата, со цел да се донесе одлука за заострување на епидемиолошките мерки со кои би се запрело моменталното забрзано ширење на КОВИД-19, пренесува агенцијата.

Од таму се наведува, дека премиерот Андреј Бабиш вчера по состанокот на владата изјавил дека болниците во Чешка ќе се соочат со катастрофа доколку ништо не се стори и дека неговата малцинска влада ќе се состане повторно за да ја добие потребната поддршка за нови мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир