Лондон, 8 мај 2020 (МИА) – Поранешниот голман на Челзи, Петр Чех, се сети како играше со повреда на рамењата цела втората сезона во клубот.
– Луѓето во тоа време не знаеја за тоа. Среде мојата прва сезона за Челзи, добив повреда на зглобот на рамото. Продолжив да играм до крајот на сезоната. Мислев дека во текот на летото сè ќе заздрави. Во втората сезона имав сериозни проблеми со рамото, се обидов да се грижам за него. Во првиот дел од таа сезона, ја добив истата повреда, само на другото рамо. Втората сезона ја поминав со скршеници во рамениците. Се обидов да ја ублажам болката пред натпреварите и да најдам начин да тренирам правилно за да не чувствувам неверојатна болка секој ден. Размислував за операцијата во текот на втората сезона, но не сакав да го пропуштам Мундијалот во Германија. Никој не знаеше колку време ќе треба за закрепнување. На мое олеснување, решив да одам на операција по Светското првенство. Се вратив брзо и уживав во игрите без никакви болки, соопшти Чех.
Тој бранеше за Челзи од 2004 до 2015 година. зс/