Храбриот чешки нуркач, Давид Венцл постави фасцинантен нов светски рекорд во пливање под мраз, откако помина 81 метри и успеа да го држи здивот повеќе од минута и пол при тешки услови.
38-годишниот Венцл, облечен само во костим за капење, се нурна во дупка во мразот во Лахост, Чешката Република, и исплива 80.9 метри за да го собори претходниот рекорд од 76.2 метри, поставен од Данецот Стиг Авал Северинсен во октомври 2013 година.
„Беше побргу од моите очекувања, а се чувствував фантастично. Знаев дека ќе стигнам до 80 метри, но секако, на крајот бев заморен. Мораш да останеш концентриран за да го правиш ова бидејќи не знаеш што може да се случи за пет минути или пет секунди или пет метри“, вели Венцл, кој го заддржа здивот 95 секунди.
Czech free-diver David Vencl swims nearly 81 meters, or more than 265 feet, beneath the ice, breaking the world record https://t.co/VedQXef3Dj pic.twitter.com/7NEUCroQgh
— Reuters (@Reuters) February 24, 2021
> Чехот Венцл со лудачки рекорд – нуркаше под мраз 81 метри! <