Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Првенствата ќе бидат завршени, европските турнири во август

Претседателот на УЕФА навивал за сплитски Хајдук

Нион, 16 мај 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, верува дека сезоните во повеќето европски фудбалски првенства ќе завршат.

Кампањата запре непосредно пред средината на март поради пандемијата на коронавирус, при што германската Бундеслига денеска повторно започна.

– Мислам дека најмалку 80 проценти од лигите ќе ја завршат сезоната. Секој има слободен избор во овој поглед. Што се однесува до натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе мора да почекате за одлуката на Извршниот комитет на УЕФА, која мора да ги потврди датумите. Но, можам да кажам дека ако ситуацијата не се промени драстично во катастрофални размери и остане како што е сега, сезоната на европските турнири ќе може да заврши во август, рече Чеферин.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот