Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Не верувам дека во блиска иднина ќе има регионална лига

Чеферин: Не верувам дека во блиска иднина ќе има регионална лига

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, за српските медиуми, ги коментирал најавите околу формирањето на некаква регионална лига, во која би учествувале екипи од просторите на поранешна Југославија.

Според многумина една таква лига би ги кренал интересот како кај публиката, така и кај спонзорите.

Чеферин рекол дека има смисол за една таква лига, но дека нејзиното формирање го отежнуваат политичките околности.

„Во УЕФА размислуваме за регионални првенства, разговараме со челниците на националните сојузи. Сепак не верува дека е можно да се формира лига на просторите на поранешна Југославија. Политичката ситуација и понатаму е многу сложена. Доколку се правата некакви регионални лиги, поголема е реалноста Хрватска, Словенија и некои други земји да бидат во една, а Србија со уште некои други држави во друга регионална лига. Во секој случај се повеќе земји покажуваат интерес за регионални првенства, сето тоа би ја зголемила вредноста на клубовите и би ги зголемило приходите од спонзорите и продажбата на телевизиските права“, рекол Чеферин.

> Чеферин: Не верувам дека во блиска иднина ќе има регионална лига <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност