Утрински Весник
Спорт

Четири фудбалери на Ливерпул пред важни одлуки

Ливерпул го порази Сити и го постави на четврто место

Ливерпул, 24 април 2020 (МИА) – Европскиот и светски клупски шампион Ливерпул има дополнителни проблеми, покрај кризата со коронавирус.

Четворица фудбалери на тимот од Мерсисајд се на крстопат и мора да се разговара со нив за нивната иднина и евентуално да ги обноват договорите.

За некои, заканата е незначителна, но се чини дека барем еден од нив е пред заминување.

Садио Мане – Сенегалецот изгледа безбеден и без проблеми. И покрај огромната желба на многу екипи да го привлечат, тој има стабилен договор до 2023 година и Ливерпул нема да биде принуден да го продаде. Шпекулациите велат дека тој е во конфликт со тренерот Јирген Клоп поради неговата поддршка за Мохамед Салах по една расправија меѓу двајцата напаѓачи.

Жоржино Вајналдум – Холанѓанецот се очекува да добие предлог за договор веднаш штом се смири епидемијата и работите се вратат во нормала. Неговиот тековен договор е до 2021 година, но за него веќе има многу кандидати.

Дејан Ловрен – неговиот договор е исто така до 2021 година и, иако не игра толку важна улога во тимот до Мерсисајд како двајцата погоре, се очекува и тој да добие предлог за нов договор (уште поверојатно поради пандемијата), иако не толку долгорочен.

Адам Лалана – не само што од четворицата најверојатно да замине, туку е речиси сигурно. Неговиот договор истекува ова лето, а од јануари годинава тој има право да преговара со други клубови. Со оглед на тоа дека тој не добива многу шанси да се истакне на теренот – тој веројатно ќе ја побара својата среќа на друго место.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство