Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Четири прекршувања на полицискиот час, пет предупредувања за неносење маски

Четири прекршувања на полицискиот час, пет предупредувања за неносење маски
300x250 opst2

Тетово, 7 мај 2020 (МИА) – Четири лица ќе се соочат со полициски пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ според член 206 од Кривичниот законик, информираше денеска СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (6-7 мај), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје четири лицa не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Писмено предупредени за неносење заштни маски биле пет лица, информираат од тетовската полиција.

 СВР Тетово евидентира дека во изминатото деноноќие  на 10 лица им се изготвени решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додека изјави за самоизолација потпишало едно лице. 

Во овој период контролирани се 119 лица со решeнија и 30 лица со потпишани изјави за самоизолација. ас/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зголемени цените на угостителските услуги

Пинтоска од Левица: Стружани да не се плашат ниту од лавовите, ниту од орлите!

Полициска потера на патот Скопје – Велес: Испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот