Утрински Весник
Македонија

Четири пациенти починаа на Инфективната клиника, 26 новозаболени

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје (ДПЛ)

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Четворица пациенти починаа на Клиниката за инфективни болести.  Двајца се од Скопје –  пациентка на 79 години и пациент на 63-годишна возраст, 58-годишен од Велес и 67-годишен пациент од Прилеп, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19: По четири лица во Скопје и Тетово,11 во Куманово, во Прилеп – тројца, во Велес и двајца  и по еден во Кочани и во Пробиштип.  Со нив, вкупниот број на дијагностицирани пациенти во нашата земја достигна  854 лица.

Во Штип денеска се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен факултет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и „Филип Втори (Жан Митрев)“ – 71.

Досега во земјата се направени вкупно 8552 тестирања на коронавирус.

Министерството за здравство соопштува и за бројот на заболени лица по местото на живеење:
Скопје – 316; Куманово – 211; Дебар – 49; Штип – 27; Прилеп – 75; Тетово – 37; Струга – 43;  Велес – 32; Битола –9; Охрид –4; Кавадарци – 3; Гостивар – 8; Гевглелија – 4;  Струмица – 2;  Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 22 и  Пробиштип – 2. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме