Утрински Весник
Македонија

Четири месеци затвор за пиштолџијата што пукаше кај Скендербег

Јусуф Енузи-Кока е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот „Скендербег“, додека илјадници демонстранти маршираа кон Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Тој беше гонет за предизвикување општа опасност, каде е предвидена казна од една до пет години. Одмерената казна е под законскиот минимум. Тој останува во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.

„За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух“, претходно информираше Обвинителството.

Пукањето на плоштадот „Скендербег“ се случи за време на протестите против францускиот предлог.

Можете да прочитате

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането