Утрински Весник
Македонија

Четири малолетни лица од Скопје осомничени за разбојништво

Четири малолетни лица од Скопје осомничени за разбојништво

Вчера, во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со четири малолетници од Скопско, и тоа двајца од с. Зелениково, еден од с. Орешани и еден од с. Пакошево, во присуство на нивните родители.

Тие се сомничат дека на 14.2.2022 на булеварот Трета македонска бригада во Скопје физички го нападнале Н. С. (38) од Скопје и му одзеле телефон.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата