Утрински Весник
Македонија

Четири лица обвинети за непостапување според здравствени прописи во Велес

Четири лица обвинети за непостапување според здравствени прописи во Велес

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за четири лица, двајца велешани и две лица жители на Градско, за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

Јавното обвинителство соопшти дека обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложил на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​ дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апсење на „Јадранска Магистрала“: Полицијата заплени голема количина производи без документација

Рано утрово масовна акција на МВР – претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица

Лишен од слобода скопјанец поради криумчарење производи