Утрински Весник
Спорт

Четири града можни домаќини на преостанатите натпревари од кошаркарската лига на Германија

Четири града можни домаќини на преостанатите натпревари од кошаркарската лига на Германија

Берлин, 5 мај 2020 (МИА) – Германската кошаркарска лига (ББЛ) ги избра четирите града каде е можно да се доигра сезоната прекината поради пандемијата.

Во случај на продолжување на сезоната, главен кандидат за домаќин на натпреварите е Минхен, а во опција се и градовите Бон, Франкфурт и Берлин.

Претходно учесниците во врвната дивизија на германскиот шампионат се согласија да ја завршат сезоната 2019/20 со десет екипи, под услов здравствените власти да дозволат натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство