Утрински Весник
Македонија

Четиричлено семејство во Гевгелија заболено со коронавирусот тестирано втор пат

Четиричлено семејство во Гевгелија заболено со коронавирусот тестирано втор пат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 21 април 2020 (МИА) – Во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, денеска е извршено второто тестирање на заболеното четиричленно семејство чии резултати од првото тестирање беа негативни на Ковид-19, изјави за МИА епидемиологот Сашко Олумчев.

– Доколку резултатите и од денешното второ тестирање по заболувањето бидат негативни,според утврдениот протокол тие ќе бидат регистрирани како здрави и за нив ќе заврши домашната самоизолација и лекување,со што и во Гевгелија моментно ќе нема болни од корона вирусот, рече Олумчев.

Тој истакна дека од нови зарази ќе се заштитиме само ако продолжиме да бидеме дисциплинирани и строго да ги применуваме мерките за заштита од ширење на вирусот.

– Сега сме во најкритичната фаза на пандемијата и од сите нас,од нашето целосно почитување на сите мерки и препораки од здравствените институции зависи дали ќе ја добиеме битката со подмолниот непријател, нагласи Олумчев.

Покрај ова,тој посочи дека до денеска во ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија се земени брисеви на 94 пациенти, во самоизолација се наоѓаат дваесетина граѓани и оти државниот карантин во хотелот на казиното ,,Фламинго“ каде беа сместени 86 наши граѓани е празен. им/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците