Утрински Весник
Македонија

Четириесет лица кои влегле преку Деве Баир однесени во карантин

На Деве Баир поминале 300 граѓани, од најавениот конвој од 200 лица, пристигнале само десетина

Крива Паланка, 24 март 2020 (МИА) – На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица кои се однесени во државен карантин, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

Сите четириесет лица се транспортирани во државен карантин, а  границата е отворена и за излез за оние граѓани кои имаат бугарско државјанство или престој во соседна  Бугарија.

-Од Република Северна Македонија излегуваат и македонски државјани кои патуваат транзит, со резервирани авионски летови или граѓани кои одат на лекување во Бугарија, посочуваат одговорните од ПС за гранична проверка, РЦ Исток.

Инаку, во Крива Паланка во самоизолација се четириесет лица. Од Отсекот за внатрешни работи информираат дека досега, при редовните полициски контроли не било утврдено прекршување на мерката и сите граѓани биле затекнати во нивните домови, а во општината доследно се почитува и полицискиот час. ид/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни милиони евра поминале граница

По 2000 евра за членовите на Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола, за оштетените по 12 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански „нарко-центар“ наместо медицинска, марихуана за црниот пазар