Утрински Весник
Македонија

Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои немаат ни 20 години, а се превезувале со моторите.

Во несреќата учествувал автомобил управуван од Н.Х.(26) од Скопје.

Со едниот мотоцикл управувал  Ј.З.(18), а со другиот 16-годишник – двајцата од Скопје. Тие биле во друштво на сопатници на возраст од 19 и 15 години. Четворицата со тешки телесни повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен