Утрински Весник
Македонија

Четворица тетовци обвинети за непочитување на полицискиот час

Четворица тетовци обвинети за непочитување на полицискиот час

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Тетово обвини четири лица поради непочитување на полицискиот час.

Обвинетите, соопштија од ОЈО Тетово, се движеле пеш или со возила низ градот,  во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Тетово со Предлогот за издавање казнен налог побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, стои во соопштението. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање