Утрински Весник
Македонија

Четворица починати и 83 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1, Делчево 4.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од: Скопје 52, Куманово 14, Штип 7, Прилеп 5, Тетово 4, Струга 2, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 6, Гостивар 7, Гевгелија 3, Струмица 7, Крива Паланка 3, Радовиш 2, Кочани 12, Македонски Брод 1, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 5, Кичево 4.

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи