Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионален пат Скопје – Тетово меѓу „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(44) од с.Ласкарци, скопско и „сузуки свифт“ со косовски национални ознаки, управувано од М.З.(37) од с.Ласкарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.П., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С.М. (31) од Швајцарија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л.Ш.П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите одат до речиси 40 степени

Сончево и топло со температура до 36 степени