Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Берово

Четворица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Берово

Струмица, 29 април 2020 (МИА) – Четири лица се повредени во сообраќајка што се случи околу 13 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, пред селото Петралинци.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

– Во незгодата учествувало едно патничко возило, а во него имало четири лица и сите се повредени. Тие се пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување помош, рече Рендевска.

Повеќе детали за сообраќајката од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и многу топло, попладне нестабилно

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира